РАЗВОЈ И РАСТ НА КОМПАНИЈАТА
АДГ ПЕЛАГОНИЈА-Скопје во своите активности ги има вплотено
акумулираното искуство и традиција стекната во градежништвото
во шесте декади на работење.
Вклученоста на Компанијата во полето на градежништвото
датира назад во раните години после Втората Светска Војна.
ПЕЛАГОНИЈА-Скопје е официјално формирана 1947 и со постојан
растеж станала водечка градежна компанија во Македонија,
со клучна улога како водечки изведувач во развојот
на земјата и во поранешна Југославија со ангажирање
во изведба на разни капитални проекти, како станбени,
комерцијални, јавни и индустриски објекти.
Репутацијата на Компанијата е изградена на внимателна
примена на деталите, квалитет и на задоволство на клиентите.
Компанијата нуди целосна примена на инжинеринг и градежни
услуги на своите многубројни клиенти.
После растежот на домашниот градежен пазар ПЕЛАГОНИЈА-Скопје
брзо има докажано дека има капацитет за експанзија
надвор од земјата.
Во 1967 ПЕЛАГОНИЈА-Скопје има превземено први проекти
надвор од земјата, за изведба на дел од крајбрежниот
автопат, и неколку станбени проекти во Либија.
Од 1968 ПЕЛАГОНИЈА-Скопје е ангажирана во изведба
на низа проекти во тогашна Чехословачка, воглавно
на индустриски проекти.
Најзначајни од овие проекти се - Фабрика за гуми
за возила во Отроковице, Постројка за производство
на каолин во Кошице и Кладно, Пекара во Братислава,
Градска болница во Усти на Лабем, Атомска електрана
во Јахславске Бохуљице и Термоелектрана во Мелник.
На почетокот на 1969 ПЕЛАГОНИЈА-Скопје учествува
во изградбата на Олимпиското село во Минхен, Германија,
и од тогаш е постојано присатна на германскиот
градежен пазар заедно со германски компании.
Во 1975 ПЕЛАГОНИЈА-Скопје ја гради Фабриката за
керамички плочки во Рамади, Ирак, а во 1978 изведува
модерна Сервисна станица за возила во Багдад. 1979
ПЕЛАГОНИЈА стартува со изведбата на Фабриката за
облека во Мосул, Ирак а од 1980 превзема изведба
на многубројни индустриски проекти на разни локации
во Ирак.
Во 1978 ПЕЛАГОНИЈА-Скопје ја превзема изведбата
на административно-комерцијалниот АРЕСКО Центар
во Бејрут, Либан.
На Кувајтскиот градежен пазар ПЕЛАГОНИЈА влегува
1987 со изведба на престижниот резиденцијален комплекс
Џабрија, во Кувајт. Во периодот од 1993 дп 1995
Компанијата е ангажирана од страна на МОД-Кувајт
на изведба на Тренинг центри на разни локации во
Кувајт.
Во 1991 ПЕЛАГОНИЈА-Скопје започнува со градежни
работи на Хотел во Бијск, Русија. Подоцна ПЕЛАГОНИЈА
ги проширува своите активности во Украина, со изведба
на Урбан комплекс во Макеевка.
Во 1995 започната е реконструкција и реставрација
на резиденцијални објекти за Руската Влада во Петрозаводск
и Санкт Петерсбург.
Одделението за истражување и развој константно
го следи пазарот и воведува нови системи и производи
за да се следат тековните пазарни барања.
ПЕЛАГОНИЈА-Скопје е рангирана меѓу седумдесетите
врвни од 250 меѓународни градежни фирми, согласно
на списанието Engineering News Record (САД) издаден
во 1990.
Квалификуваноста и знаењето на вработените се највредниот
дел на Компанијата. Квалификуваниот кадар може
да се мобилизира за да му биде на располагање на
клиентот во давање на услуга и совет за сите аспекти
на градежништвото.
Со оглед на тоа дека Компанијата изведува широк
дијапазон на градежни објекти за кои Компанијата
е регистрирана, ПЕЛАГОНИЈА-Скопје нуди техничка
и професионална услуга за припрема и изведба на
најкомпликувани инвестициони проекти.


Класификација на Компанијата според
ENR ВРВНИ ГРАДЕЖНИ КОМПАНИИ
(Во милиони USD)
За година 1995 рангирана како 199 од кои 25 во странство
За година 1994 рангирана како 180 од кои 36 во странство
За година 1991 рангирана како 160 од кои 41 во странство
За година 1989 рангирана како 90 од кои 212 во странство
За година 1988 рангирана како 70 од кои 305 во странство

|