Пелагонија ЛинковиМапа на сајтот
Градежна компанија
Профил на компанијата
За НасОрганизациона шемаУправен одборПерсоналОпрема и машиниРеференци
Референци
Контакт информации
Почеток
English Version
Организациона шема
ПЕЛАГОНИЈА-Скопје е организирана како
Акционерско Друштво за Градежништво

ПЕЛАГОНИЈА-Скопје е организирана како Акционерско Друштво за Градежништво. Менаџментот на Компанијата се состои од Собрание на акционери, Надзорен и Управен Одбор како највисоки тела на извршната власт.

ПЕЛАГОНИЈА ИНЖИНЕРИНГ ДООЕЛ Скопје

Го вклучува Маркетингот, Работите во странство, Финансово и Правно одделение. Ангажирана во пронаоѓање и склучување на договори, ангажирање на останатите делови од Компанијата во изведбата на градежните работи. Врши контрола на квалитетот и исполнување на договорните обврски.
Ја вклучува и

Единица за УГОСТИТЕЛСТВО

Обезбедува сместување и исхрана за персоналот и работниците на разни проекти
ВИСОКОГРАДБА
Ангажирана во изведбата на сите видови на работи кои се однесуваат на станбени, комерцијални, јавни, спортски и слични објекти и структури.

НИСКОГРАДБА

Ангажирана во изведба на сите видови на градежни работи од нискоградба како изведба на патишта/автопатишта, брани, хидро системи, системи за наводнување
Вклучува

МЕХАНИЗАЦИЈА

Специјализирана и потполно опремена за изведба на сите видови на градежни работи

ГЕОТЕХНИКА

ГЕОТЕХНИКА
Геомеханички испитувања на почвите заедно со лабораториско тестирање и контрола на квалитет на градежниот материјал, согласно на главните меѓународни стандарди BS, ASTM, DIN & GOST
Вклучува

ЕДИНИЦИ ЗА ПРИПРЕМА НА БЕТОН И АСФАЛТ

Одговорни за производство и транспорт на спремена бетонска и асфалтна мешавина. Производот се припрема во компјутеризирани постројки за производство, мобилни мешалки, транспорт со камиони, се користат бетонски пумпи, вклучувајќи дробилки и соодветни лаборатории за контрола на квалитет на бетон и асфалт. Нуди услуги и на други компании.

АРМИРАЧНИЦА

Опремена со најмодерни машини, ефикасни во сечење, виткање, заварување и монтажа на арматурата од било кој вид.
Нуди услуги и на други компании.

ПЕЛА ПРОЕКТ

Со високо квалификуван персонал за проектирање објекти од високоградба, нискоградба, хидро објекти, машински инсталации, како и надзор. Во периодот на години на ангажмани проектантите биле вклучени во проектирање на преку 3 000 проекти во разните полиња со кои ги имаат докажано своето искуство и способност за справување со најсложени проекти на задоволство на клиентот.

врв на страната